Почнува првата сесија од подготвителниот курс за здобивање со PMP сертификат

19

pmpВо просториите на CEED Македонија, денес со почеток во 16.30 часот започнува првата сесија од подготвителниот курс за здобивање со PMP сертификат. Сесијата продолжува и утре, сабота (16.02.), со почеток во 09.00 часот. Предавач ќе биде проект менаџерот Милица Наумовска.

Project Management Professional® е меѓународен сертификат за професионални проектни менаџери кој го издава Project Management Institute® од САД. Професионалниот курс за управување со проекти е eдинствен подготвителен курс во Македонија кој се спроведува според критериумите и правилата на Project Management Institute® од САД, кој има 25-годишно искуство во сертификација на професионални проектни менаџери. Курсот е воден од PMP сертифициран инструктор и обезбедува продлабочено знaење кое овозможува лесно полагање на тестот после кој успешните кандидати се здобиваат со РМР сертификат.

Курсот е наменет за професионалци од сите индустрии и дејности кои работат во областа на управување со проекти и сакаат да се подготват за добивање на престижниот РМР сертификат. Учесниците на курсот ќе го надградат своето знаење во проектен менаџмент според соодветна литература издадена од Project Management Institute® што ќе придонесе кон подобрување на капацитетите и самодовербата со цел совладување на предизвиците на модерното управување со проекти.