Почнува Светскиот економски форум во Давос

36

davosКлиматските промени, економското закрепнување, економскиот јаз меѓу богатите и сиромашните, конфликтот во Сирија и кризата во Украина ќе бидат главни теми на Светскиот економски форум што денеска започнува во швајцарскиот ски ресорт Давос.

На ова 44-то издание на форумот ќе учествуваат околу 2.500 бизнис и политички лидери, кои ќе претставуваат преку 1000 организации. Форумот ќе го отвори јапонскиот премиер, Шинзо Абе.

За безбедноста на учесниците на Форумот, кој ќе трае до 25 јануари, ќе се погрижат околу 3.000 војници.