Во Скопје и во Тетово, од 22 до 25 јануари, ќе се одржува вториот по ред Бизнис иновативен форум. Фокус на вториот по ред бизнис форум е иновативноста и поддршката на иновативноста преку регинална и интернационална соработка. Бизнисот форумот е замислен како панел дискусија на која ќе се дискутира во четири панели за: Економскиот развој и можностите за креирање на работни места за периодот 2015 – 2020 г. преку регионална меѓусекторска соработка и поддршка за бизнис иновации, улогата на Коморите и кластерите во иновативната поддршка, улогата на Универзитетите во поддршката на бизнис иновациите, развој на Бизнис иновативни центри како форма на иновативна поддршка, жени инвеститори и претприемачи за иновативни бизниси, соработка за поддршка на МСП – Меѓународна соработка, ЕУ фондови и локален економски развој, медиумите и европските фондови.
На првиот ден од БИФ 2015, денеска, во просторите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, ќе се одржи EU Funding Accelerator & Academy Trainning за подготовка и пишување на апликации за програмите на Horizon 2020 и COSME. На истиот ќе може да учествуваат сите заинтересирани физички и правни лица кои имаат потреба од тој тип на трансфер на знаења. Истиот ден ќе се одржи Информативен блок за расположливите ЕУ фондови за програмите (Horizon2020, COSME, IPA, IPARD) со фокус на областите МСП, енергетика, животна средина, информатичка технологија, транспорт, земјоделство и претставување на мрежата COSSME, каде се поддржува соработката со јавниот, приватниот, академскиот и невладиниот сектор од земјата и регионот.
Настаните од вториот ден на форумот, 23 јануари, ќе се одржуваат во Скопје, на Скопски саем, 24 јануари ќе бидат во Тетово, во УЈИЕ и на 25 јануари, во недела, настанот ќе се одржи во Скопје, во просториите на ЈИЕ.
На форумот ќе учествуваат претставници на компании од територијата на Општина Гази Баба и општина Тетово, од индустриите кои на еден или друг начин може да се вклучат како добавувачи или субконтрактори на големите компании во ТИРЗ-овите.
Ќе присуствуваат домашни и странски претставници на институции, асоцијации и Универзитети, кои ќе дискутираат за иновативната поддршка на компаниите во РМ, ЕУ и Ирска. Во овој сегмент ќе има репрезентативни гости од Асоцијацијата на Бизнис Иновативни Центри на ЕУ и Ирска, претставник на Валенсија Регионот, директорот на ГИЗ за Косово и Македонија, како и сопругите на амбасадорите на земјите од ЕУ во РМ.
Спецификата на овој настан е партнерскиот пристап во неговата организација на неколку институции и организации: Општина Гази Баба, Општина Тетово, Универзитет на Југоисточна Европа и технолошкиот парк, EMKICE – Euro-Macedonian knowledge and innovation Centre, Илумине – Центар за развој на ИКТ во образованието, Агенција за поддршка на земјоделието на РМ, Њу Манс Бизнис Акцелератор, високи претставници од странските партнерски мрежи (EBN, WestBIC, EBAN, Finnovaregio).
Сесиите на БИФ 2015 се наменети за претприемачи и инвеститори, за претставници на компании, старт ап, мали, средни и големи компании од индустриите кои може да се вклучат како добавувачи или субконтрактори на големите компании во ТИРЗ-овите, оние кои сакаат да се вклучат во процесот на користење на грантови од ЕУ фондовите, оние кои бараат странски партнери за истражување и развој, оние кои развиваат нови производи и иновации и се ориентирани на извоз на ЕУ пазарот.
Повеќе информации на http://www.business-innovation-forum.com/.