PocketBeep – апликација за персонализирани попусти во реално време

50

soping kesi

PocketBeep е апликација наменета за продавниците и нивните купувачи, а се темели на real time (реално време) попусти остварени преку технологијата iBeacon, пишува Пословни дневник.

Зад овој изум стои Томислав Теноди, кој пред една година за прв пат дојде во контакт со iBeacon, уред што испраќа Bluetooth сигнал.

Станува збор за апликација наменета за продавниците и нивните купувачи за real time попусти, што се остварени преку iBeacon технологијата. Beacon уредите се поставени во самите продавници и овозможуваат едноставно и брзо лоцирање на корисниците, со што купувачите добиваат персонализиран попуст во реално време секогаш кога ќе влезат во продавницата. Корисниците ќе добиваат и информации за попустите на одредени производи во зависност од нивните потреби, како и поени со кои го зголемуваат попустот на производот по желба.

Продавниците за возврат добиваат детална статистика за различни параметри во купувањето со цел да ја подобрат понудата.

Теноди заедно со својот тим разви прототип и спроведе анкета, чии резултати покажуваат дека постои интерес кај фирмите, на кои им е важно да ја придобијат довербата на што е можно поголем број купувачи.