Под знак прашање аранжмани на балкански туристички агенции кои соработувале со грчкиот Mouzenidis travel

91

Белградски туристички агенции потврдија дека добиле мејл од грчкиот тур-оператор Mouzenidis во којшто се нагласува дека сите патувања во периодот oд 27 јуни до 31 јули се откажани.

Според медиумите во Србија под знак прашање се десетина илјади аранжмани на корисници од Русија, С. Македонија, Украина, Романија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Во Белград според медиумите се работи на изнаоѓање решение за лицата кои уплатиле аранжмани во Грција преку Mouzenidis.

Бугарските медиуми јавија дека под знак прашање се туристички аранжмани на околу 150.000 Бугари кои уплатиле преку агенции поврзани со Mouzenidis. Според нив, секојдневно веќе добиваат информации од грчки тур-оператори дека хотелите во таа држава одбиваат да прифатат Бугари кои имаат резервации преку Mouzenidis, пренесува МИА.

Грчки медиуми јавија дека компанијата со седиште во Солун, ќе се обиде до 31 јули да најде решение со кредиторите и да успее во обидите за финансиска помош од државата.

Фото: Freepik