Подари среќа – новогодишен базар на улица Македонија

25

novogodishen-bilbord-final-01

Под покровителство на Град Скопје и во организација на Конгресен центар Александар Македонски и оваа година се подготвува интересна содржина за жителите на градот, по која ќе ја запомнат 2016-та година. Од 24-ти декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица Македонија во Скопје. Базарот, којшто ќе трае осум дена, со себе ќе ја донесе новогодишната магија во главниот град.

Базарот покрај понудата на интересни подароци за претстојните празници ќе им понуди на граѓаните и богата музичка програма. За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10 до 13 часот. Истата вклучува новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, изведба на претставата на Брашко, дружба со Петко, но и детско воодушевување преку изведбите на волшебниот настап на магионичарот Кристијан.

Музичката програмата во попладневните часови започнува со новогодишни after work забави и завршува во 22 часот со настапи на македонски изведувачи. Настапите на Sarah Mace, ConTruDј, Back Door Band, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд се само дел од програмата. Улица Македонија овие денови ќе има целосна Божиќна атмосфера и преку сетовите на Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi и други. Како одличен додаток на претпразничната забава ќе бидат и грејаното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна. За повеќе информации и детали во однос на програмата на Новогодишниот базар 2016 може да се посети и официјалниот настан на Facebook.