Подгорица ќе добие Hard Rock Cafe

81

hrc

Првиот Hard Rock Cafe во регионот, дел од глобалниот угостителски ланец, во наредните неколку месеци ќе биде отворен во Подгорица, пишува Вијести.

Како што пишува Вијести, кафе ресторанот во Подгорица ќе биде во потполност адаптиран на високите стандарди на групацијата, што подразбира и прилично високи цени во однос на останатите објекти.

Овие ресторани се препознатливи по автентичниот амбиент, комбинација на паб и ресторан со дополнителни содржини, а посетителите ќе можат да купат сувенири и реквизити со познатото лого.

Ланецот Hard Rock Cafe има 180 филијали во 55 земји. Во многу локали можат да се најдат оригинални инструменти и музичка опрема на најпознатите претставници од поп и рок музиката.