Подморски кабел од две милијарди евра ги поврзува Германија и Норвешка

33

Германија и Норвешка го пуштија во употреба новиот подморски кабел што директно ги поврзува електричните мрежи на двете земји, со што тој чин е клучен чекор во европските напори за премин од фосилни горива на обновливи извори на енергија.

Проектот вреден две милијарди евра е наречен Nordlink, а ќе ѝ овозможи на Германија вишокот на електрична енергија од своите ветерници да го извезува во Норвешка, каде ќе може да се складира во големи резервоари што ги има хидроенергетскиот систем на оваа нордиска земја.

Во периоди кога нема ветер, а со тоа и нема производство, електричната енергија ќе може да се пушта во германската мрежа од норвешките резервоари за да се задоволи побарувачката во најголемата европска економија.

“Со ова поставуваме патоказ за современо снабдување на Европа со енергија“, рекла германската канцеларка, Ангела Меркел на виртуелната церемонија на официјалното приклучување на кабелот на енергетската мрежа.

Кабелот е долг 623 километри и поминува од северниот дел на Германија под Северното море до јужниот дел на Норвешка. Операторите велат дека може да транспортира енергија за 3,6 милиони домаќинства во исто време.

Фото: Pexels