Поднесување барање за субвенции за млеко до петти ноември

22

mleko

На петти ноември истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година. Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Агенцијата ги потсетува млекопроизводителите дека барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

“До петти ноември 2016 година завршува и рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од мај до септември 2016 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца“, соопшти АФПЗРР.

Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата, како и потребната документација може да се поднине во Агенцијата или да се преземе од веб страницата: www.ipardpa.gov.mk, во полето Директни плаќања 2016, Обрасци.