Podo – замена за селфи стикот

39

podo-a-camera-that-sticks-to-the-wall-replaces-selfie-sticks-8949Podo е пренослив фотоапарат што може да се постави на било која површина и да се контролира со апликација од вашиот мобилен телефон, пишува Business Insider. Според креаторите, тројца пријатели од универзитетот во Калифорнија, Беркли, Podo ќе го стави селфи стикот во втор план.

Камерата на апаратот е со осум мегапиксели и корисникот може да ја стави каде ќе посака, со цел да ја добие посакуваната селфи фотографија. За да се премести од едно место на друго, треба само да се избрише перничето на долната страна со малку вода. Апаратот е толку малечок што слободно може да се носи во џеб.

podo-lifestyle

Штом ќе се намести, апликацијата ја контролира камерата благодарение на Bluetooth конекција, којашто има опсег до девет метри. Корисникот на апликацијата може да види како ќе изгледа на селфи фотографијата пред да ја направи.

Производот за прв пат беше претставен минатата година на платформата Kickstarter, каде успеа да собере 427.565 долари и сега започна официјално и да се продава. Цената на еден Podo фотоапарат е 99 долари.