Според податоците на Државниот Завод за Статистика (ДЗС), раководителите на фирмите сметаат дека економската состојба на деловните субјекти во јули 2014 година била поповолна во однос на претходниот месец, а останала на исто ниво во однос на јули 2013 година.
Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, како што соопшти Државниот завод за статистика, е поповолна во однос на претходниот месец.
Обемот на производството во јули 2014 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените.
Во јули 2014 година залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата, залихите на готовите производи во јули 2014 година се зголемени во споредба со претходниот месец, а просечното искористување на капацитетите изнесува 61,6%.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство имаат недоволната странска побарувачка со 22,2%, недоволната домашна побарувачка со 18,5%, неизвесното економско опкружување со 9,2% и финансиските проблеми со 8,9%.