Раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во второто тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2012 година.
Финансиската состојба на нивните деловни субјекти е оценета како подобра во однос на претходното тримесечје, а подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од 2013 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се поволни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува и е над нормалата.
Во следниот период се очекува зголемување на продажните цени.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат немањето на побарувачка со 20.8%, зголемените трошоци за материјали со 19,8%, зголемените финансиски трошоци(камати) со 15.2% и конкуренција во сопствениот сектор со 11.6%.