По спроведената анализа на продажбата и профитабилноста на производното портфолио по пазарите, управата на хрватската прехранбена компанија Подравка донесе одлука за понатамошно редуцирање на околу 660 производи.
Станува збор за производи чија вкупна годишна продажба во 2011 година изнесувала 1,2 милиони евра, што ќе има позитивно влијание на бруто маржата во износ од 200.000 евра.
Од Подравка известуваат дека продолжуваат со профилирање на производното портфолио на фирмата, поради зголемување на ефикасноста и продуктивноста во производството, оптимизација на деловните процеси и зголемување на бруто маржата.
Истовремено, донесена е одлука за процес на реструктуирање на пекарската производна програма поради намалување на трошоците на производство и нејзино подобрување.