Подравка гаси три производни програми

60

studenaУправата на хрватската прехранбена компанија Подравка донесе одлука да излезе од бизнисот со пијалоци, пекарски и замрзнати производи. Според шефот на управата Звонимир Мршиќ, тоа се непрофиталбилни гранки кои го девастираат резултатот, непотребно трошат ресурси и го одвлекуваат вниманието од работите во кои Подравка сака да напредува.

“Во согласност со усвоената стратегија за работа на групата Подравка и по спроведените анализи, Управата на Подравка донесе одлука за започнување на постапка за излегување од програмите за пијалоци, пекарската и дел од замрзнатата програма. Постапката за излегување од овие програми започнува во втората половина на 2013 година”, стои во соопштението од компанијата.

Во линијата на пијалоци, најпознати брендови на Подравка се Студена и Студенац, овошните сокови Леро, а произведуваат и ледени чаеви. Според проценките на аналитичарите, овие производи на Подравка не успеале да заземат силна пазарна позиција.