Првите луѓе на Подравка и на Агрокор, како и на ПИК Врбовец, вчера во Копривница, Хрватска, потпишаа договор за пренос на печатите, рецептурата и опремата и преземање на производството и продажбата на конзервирани месни паштети и конзервирани производи од месо, соопштуваат од Подравка, пренесуваат хрватските медиуми.
Со ова Подравка од ПИК Врбовец ја презема програмата на конзервирани паштети и месни конзерви за понатамошно производство и продажба на сите пазари. Производството ќе продолжи во погоните на месната индустрија Даница на Подравка.
За претседателот на Управата на Подравка, Звонимир Мршиќ овој ангажман треба да се разгледува во контекст на консолидација на домашната прехранбена индустрија.
ПИК Врбовец во составот на концернот Агрокор влегува во 2005 година и е препознатлив бренд во Хрватска.