Подравка повлекува една серија Ева сардини

62

evaХрватската прехранбена компанија Подравка вчера објави дека го повлекува производот Ева сардина со лук и магдонос од 115 грама, серија 09072013 и со рок на употреба до 9 јули 2017 година, затоа што при интерна контрола е утврдено физичко оштетување на лименката поради што може да дојде до нејзино дување, јавуваат хрватските медиуми.

Од компанијата во соопштението наведуваат дека за да ги заштитат своите потрошувачи во потполност, веднаш реагирале и започнале со повлекување на спорната серија Ева сардини со лук и магдонос од полиците на маркетите.