Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава 69,00 ден/лит.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се точи по 59,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 59,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,977 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.05.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 33,619 ден/кг.
Фото: Pexels