Поевтини нафтата на меѓународните пазари

34

Цените на нафтата се намалија на меѓународните пазари, но остануваат на нивото од претходните шест недели, благодарение на најавите за воведување вакцини против коронавирусот.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта се намали за 19 центи, на 50,06 долари, додека на американскиот пазар, еден барел поевтини за 11 центи и сега чини 46,67 долари.

Резултатите од вакцините помогнаа да се намали песимизмот во услови на рекордно зголемување на бројот на новозаразени и смртни случаи ширум светот. Велика Британија започна со вакцинирање оваа недела, а во САД тоа би се случило веќе од следниот викенд.

Фото: Freepik