Поевтино им е да дојдат во Македонија и БиХ по гориво

97

Литар бензин и дизел во Србија за околу пет месеци поскапе за околу 0,13 евра (околу осум денари).

Цената на литар бензин во Србија е 1,36 евра, а на дизелот 1,33 евра, што во споредба со цените од регионот, како што пишува Nova.rs, е поскапо за повеќе од пола евро.

Од ноември до април, цената на горивата во Србија е зголемена за околу 10%, што е сериозен удар врз буџетот на граѓаните. Некои од нив, кои живеат во близина на границите со соседните земји често преминуваат граница за да ги наполнат своите резервоари. Најчесто се оди во Македонија и Босна и Херцеговина, бидејќи таму цените се најдостапни за српските граѓани.

Во Македонија по гориво најчесто доаѓаат жители на Врање, Бујановац и околината.

“Одиме по неколку пати во неделата. Што да правиме кога е поевтино. За литар дизел заштедувам 20 денари, што не е малку пари“, вели Милан од Врање.

Тој вели дека до Куманово има околу 50 километри, но му се исплаќа да вози до таму.

“Има неколку пумпи што се помине границата и верувајте ми дека сите одат таму. Изгледа како да немаме сметка да одиме толку често, но со тие 50 километри ние сме во плус“, вели тој.

Фото: Pixabay