Поевтинуваат бензините, дизелот по стара цена

4

benzin tece pumpa

Бензините добиваат нови и пониски цени, додека кај дизелот останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар и ќе чини 63,50 денари. За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС – 98 и ќе се продава по 65 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,736 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,619 ден/кг.