Поевтинуваат горивата

85

Горивата од полноќ добиваат нови и цени пониски за пола денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 е 57 денари, додека еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 59 денари. Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) оваа недела на бензинските пумпи ќе се точи по цена од 49 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и оваа недела ќе биде 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 23,260 ден/кг.

Фото: Freepik