
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 65,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,113 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,042 ден/кг.











