Пофлексибилните форми на работа го запреа трендот на раст на урбаното население

52

Цените за домување растат побрзо надвор од големите градови отколку во нив за првпат од почетокот на 1990-те, благодарение на пофлексибилните форми на работа во пандемијата со Ковид -19, покажа студија на швајцарската банка УБС.

Сè повеќе луѓе се преселуваат во предградија и населението во урбаните центри повеќе не се зголемува, нагласуваат од УБС, укажувајќи на зголемениот број можности за флексибилни форми на работа, но и на пандемијата.

Животот во градот по заклучувањето веќе не е толку привлечен, заклучија тие.

Трендот на иселување на населението во предградијата е забележан и во Франкфурт, град кој се најде на прво место на глобално ниво од големите урбани центри со највисоки цени за домување и “жежок“ пазар на недвижности, според истражувањето.

Цените за домување во Ванкувер, Париз, Амстердам, Стокхолм и Цирих се исто така превисоки, според истражувањето.

Реални цени бараат сопствениците на станови и куќи во Мадрид, Милано и Варшава. Франкфурт, Хонг Конг и Торонто наскоро би можеле да забележат корекција на цената, предупредува УБС, наведувајќи го нивното движење во периодот од средината на минатата до средината на оваа година.

Во Франкфурт цените на станбените недвижности се зголемија за 10 проценти во реални услови од 2016 година, а наемнините растат речиси три проценти годишно, благодарение на поволните заеми, утврди УБС.