Сигурно сте слушнале дека денес, најголем дел од потрошувачите (околу 80%) бараат информации онлајн, преку нивните смарт телефони? Но дали сте слушнале и дека потрошувачите очекуваат и бараат брендовите да комуницираат со нив како во вообичаени услови, така и во време на криза? Анализите покажаа дека токму континуираната комуникација, ќе биде од исклучителна важност за купување по завршување на кризата „Односите на потрошувачите ќе бидат посилни со брендовите кои комуницирале со нив за време на кризата“ (http://polaris-see.com/reports/polaris-covid-19-recovery-plan/).
Зошто е потребна поефикасна, широка, но таргетирана промоција? Бидејќи ПРОДАВА! Во времето на дигиталниот маркетинг, потрошувачите се изложени на околу 3.000-10.000 промотивни пораки на ден, поради што ги игнорираат и забораваат голем дел од нив, а ги паметат само пораките кои им делуваат попознато или поважно. Брендовите, поради ова, се соочуваат со голем проблем кој директно влијае на продажбата – неможност да се најдат на врвот во умот на потрошувачот и да бидат потенцијален прв избор при купување. Всушност, бизниси кои најбрзо умираат се оние кои немаат креирано доволна висока свесност кај целната група и немаат доволна побарувачка за своите производи.
Сепак, добрата вест е дека ова е процес на кој значително можеме да влијаеме, преку таргетирано и континуирано повторување на пораката за брендот, со Моби Промо.
Затоа, секој бизнис неминовно е соочен со неколку клучни прашања:
Дали сака свесноста за неговиот бренд да расте и да биде меѓу првите во умот на потрошувачите при одлука за купување? Дали сака потрошувачите да купуваат почесто и повеќе кај него, отколку кај неговите конкуренти? Дали е насочен кон креирање на вредност за потрошувачите преку правилна комуникација со нив? Дали знае како размислуваат на истиве теми неговите конкуренти и дали преземаат нешто околу тоа?
Доколку, одговорите на овие прашања се НЕ, тогаш бизнисот нема потреба од натамошната содржина на овој текст, НО доколку барем еден од одговорите е ДА, тогаш во продолжение е претставено решението за наведените проблеми. Моби Промо е иновативна и уникатна промотивна алатка/платформа со која за брзо време се зголемува свесноста за брендот и можноста за стекнување на нови потрошувачи и продажби.
Моби Промо овозможува таргетирана, автоматизирана комуникација преку креирање на реклама која може да биде пласирана едновремено на повеќе од 40 најпосетувани и релевантни интернет портали во земјата (на македонски и албански јазик), во повеќе различни категории: информативни, бизнис, спортски и забавни портали (Сакам да кажам; Фокус; Кафе пауза; Нова Македонија; Бизнис инфо; Лејди.мк; Утрински весник; Слободен печат; АлсатМ; Алба спорт и други), со преку 15 милиони прегледи на месец од мобилен уред, од страна на потрошувачите кои се носители на потрошувачката: генерација Х (36-54 год.), генерација Милениумци/Y (25-35 год.) и генерација Z (под 25 год.).
НО, покрај лесно видлива и повторувана порака, многу е важно и резултатот од истата да може да се МЕРИ! Со нашата алатка дилемата на бизнисменот John Wanamaker и проблем на традиционалниот маркетинг (ТВ, радио, списанија, билборди, плакати, флаери, брошури…) дека „половина од парите за реклама се потрошени/фрлени, само не се знае која половина“, е успешно решена:
- Се добива детална аналитика за увид во резултатите од кампањата (број на прегледи, број на уникатни корисници, број на кликови, фреквенција, ефикасност, трошење на буџет)
- Истовремено, според ефективноста на кампањите, може да се вршат промени на тековна кампања во реално време.
Моби Промо функционира на основа на едноставен и лесно пристапен софтвер во 3 едноставни чекори:
- Креирате доживотно бесплатен профил за бизнисот на нашата платформа, за само 2-3 минути;
- Ја креирате рекламата во форма на банер која сакате да биде прикажана на избраните интернет портали и видена од целната група на нивните смарт телефони (промотивни акции, нов производ/услуга, нов начин на плаќање, нова онлајн продавница…) и ја активирате за време и буџет по ваша желба и потреба;
- Следите аналитика и сведочите раст на видливоста и свесноста за брендот и производите на бизнисот!
Најдобриот дел е тоа што го добивате како наш НОВ клиент/огласувач:
- Водич за користење на платформата и за дизајнирање содржина на ефективен банер,
- 10 бесплатни преддизајнирани урнеци на банери,
- Бесплатна експертиза и помош при изработката на првата маркетинг кампања,
- Значителна заштеда на време и енергија преку избегнување на договори со голем број на поединечни интернет медиуми;
- За проба на софтверот и прва уплата на реклама – попуст и заштеда од 20%,
- Голема видливост и зголемена свесност за брендот на домашниот пазар.
Ефикасноста и уникатноста на Моби Промо веќе привлече значителен број на клиенти, кои ни ја дадоа својата доверба и се наши лојални соработници: Витаминка (Чоко Стоби флипс, Брилијант), А1, DM, PharmaS (Центравит), Неотел, Cashback World, Рефан, USA Shops, Ресторан Зинг…
“Откако го користиме Моби Промо, нашата реклама е значително повидлива, а брендот подостапен до потрошувачите. Youtube видео спотот за Чоко Стоби флипс од 1.000 прегледи стигна на 10.500 прегледи за кампања од само 1 месец. Ова не можевме толку брзо да го постигнеме без Моби Промо“, Влатко Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка.
“Откако лансиравме кампања преку Моби Промо, свесноста за нашиот бренд Центравит е зголемена, а со тоа нашата цел остварена“, Филип Ачкоски, регионален директор на компанијата PharmaS.
Вербата во нашиот производ ни дозволува квалитетот на услугата да го гарантираме и со ВРАЌАЊЕ НА УПЛАТЕНИТЕ ПАРИ, иако досега НИКОЈ не побарал да ги вратиме парите, пред се, затоа што ИСПОРАЧУВАМЕ РЕЗУЛТАТИ.
За дополнителни информации за Моби Промо и регистрација, погледнете следниот линк (https://bit.ly/2ZsFH4s)
Проектот е кофинансиран од страна на ФИТР.