Pokemon Drakula за привлекување повеќе туристи во Романија

43

pokemon drakula

Специјалистот за маркетинг од Романија, Калин Коман, предлага атрактивен начин за привлекување на повеќе туристи во неговата земја со користење на популарната игра Pokemon Go, пишува Romania Insider.

Неговата идеја е да се создаде Pokemon Drakula, којшто туристите ќе треба да го бараат на различни места во Романија што имаат голем туристички потенцијал.

На неговиот Facebook профил ги повикува властите во неговата земја да ја разгледаат неговата идеја.

Играта Pokemon Gо беше лансирана на почетокот на овој месец во САД, а потоа и во многу други земја. За нејзиниот дизајн стои Niantic, компанија којашто е 50% во сопственост на Nintendo.