Пола милијарда евра – пазарна вредност на гасоводот 

68

Вкупно 840 милиони евра се инвестираат во 400 километри патишта во државата, соопшти премиерот Зоран Заев, на денешната седница во Собранието, посветена на пратенички прашања.

“Во моментов се градат 189 километри автопати, експресни и магистрални и регионални патишта или 610 милиони евра се инвестициите во автопатиштата, 168 милиони евра во експресни патишта и 12 милиони евра во магистрални и регионални патишта. 59 километри автопати се градат во државата, 110 километри експресни патишта и 20 километри магистрални и регионални патишта. Дополнително се рехабилитираат 208 километри автопати, експресни и регионални патишта, во вкупна предност од 42 милиона евра“, рече премиерот Заев.

Тој објасни и до каде е реализацијата на гасификацијата.

“Гасификацијата се гради со одлично темпо. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен и кон Тетово и Гостивар, веруваме дека следната година можеме да почнеме од Гостивар кон Кичево, со конечна цел да стигнеме до Охрид, Струга и преку Ресен да го заокружиме прстенот. Гасоводната мрежа има пазарна вредност сега, со тоа што државата е 100% сопственик, повеќе од пола милијарда евра. Тоа е национален гасовод на граѓаните на нашата држава“, рече премиерот Заев.

Фото: Freepik