Пола од светските туристички дестинации ги ублажија рестрикциите

28

Повеќе од половина (53%) од светските туристички дестинации до септември ги ублажија ограничувањата воведени како мерка против ширење на коронавирусот. Иако голем дел од нив решија да задржат одредени рестриктивни мерки, сепак се забележува нагорен тренд во туризмот, којшто беше силно погоден од коронакризата, оценува Светската туристичка организација (UNWTO – United Nations World Tourism Organization).

Податоците од анализата UNWTO (Covid-19 related travel restrictions: A global review for tourism) покажуваат дека од вкупно 115 дестинации, 53% од нив ги релаксирале мерките поради пандемијата. Две туристички дестинации во целост ги отстраниле рестрикциите, додека останатите 113 и понатаму имаат одредени мерки за претпазливост од ширење на заразата, пренесува Hospitalitynet.org.

“Координираното управување и зајакнатата соработка меѓу владите овозможи туризмот полека, но сигурно да се придвижува во многу делови од светот. Ублажување на ограничувањата за патување значи и враќање на социјалната и економска корист од туризмот. Мора да бидеме внимателни, но сме загрижени поради тоа што некои дестинации имаат долготрајни и целосни ограничувања за патување, посебно таму каде што туризмот е спас и без којшто нема економски и социјален раст“, вели Зураб Пололикашвили, главен секретар на UNWTO.

Дестинациите што ги ублажија ограничувањата за патувања имаат високо ниво на здравствена и хигиенска инфраструктура, како и релативно ниска стапка на зараза со вирусот.

Фото: Pexels