Пола од вработените во Facebook ќе работат од дома до 2030 година

83

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг најави дека на голем дел од своите 50.000 вработени ќе им овозможи постојана работа од дома. На овој начин, Facebook е дел од компаниите коишто во услови на криза го децентрализираат работењето и им овозможуваат на вработените да работат од дома, пренесува NBC News.

“Ние ќе бидеме една од најперспективните компании што ќе овозможат работа од далечина, со добро осмислен план како да се направи тоа“, рекол Цукерберг.

Во наредните пет до 10 години, Цукерберг предвидува дека околу 50% од работната сила на Facebook ќе работи од далечина. Тоа ќе биде значајна промена што радикално ќе го промени начинот на работа на компанијата.

Поголемиот дел од вработените ќе можат до крајот на годината да работат од дома, а оние кои сакаат ќе можат да се пријават за трајно да работат од дома од почетокот на следната година. За почеток, Facebook ќе им овозможи на актуелните вработени да работат од дома ако исполнат одредени критериуми, но тоа не би требало да се одрази врз нивната продуктивност.

Според последните истражувања, околу 50% од вработените се подеднакво продуктивни од дома како и додека работат од канцеларија.

Twitter неодамна објави дека планира да им одобри на некои од своите вработени трајно да работат од дома.

Фото: Freepik