Oваа голема компанија одлучи – работа од дома ќе може и засекогаш

75

Американската компанија Twitter планира да одобри на некои од своите вработени трајно да работат од дома, дури и кога мерките на изолација поради спречување на коронавирусот ќе бидат целосно укинати.

Оваа американска социјална мрежа е прва голема компанија од технолошката индустрија којашто презема ваква одлука кога е во прашање работењето на далечина.

“Ако нашите вработени имаат улога и положба која им овозможува работа од дома и ако тие тоа го сакаат ние ќе им го овозможиме тоа. Инаку, ако одлучат да се вратат во канцелариите ќе бидат преземени дополнителни мерки на претпазливост“, рече портпаролот на Twitter.

Од компанијата соопштија дека нема да има деловни патувања пред септември, а повеќе настани каде е потребно физичко присуство се откажани.

Фото: Pixabay