Polibags – стари полициски униформи трансформирани во модерни чанти

53

polibags 2

Тим од креативни студенти по дизајн од градот Хановер ги искористија старите полициски униформи од германската област Долна Саксонија за правење мултифункционалните чанти Polibags, пишува на официјалниот портал на областа.

Од вкупно 150 стари униформи на сообраќајните полицајци од оваа област се направени 500 чанти во различна големина и со различен облик.

polibags

Овие чанти се шијат во фабрики, каде што се вработени лица со инвалидитет.

Поголемиот дел од властите во Германија во 2009 година донесоа одлука зелените униформи да се заменуваат со сини, по што се создадоа големи резерви на стари полициски униформи што се неупотребливи.

polibags 123