Полнењето на електричните автомобили поскапо за 161 отсто во споредба со лани

79

Големото поскапување на електричната енергија драстично ги зголеми трошоците за возачите на електрични автомобили, покажува неодамнешно истражување во Италија.

Полнењето електричен автомобил во Италија денес чини 161% повеќе отколку минатата година – поради цената на електричната енергија, објави италијанската веб-страница Facile.it.

„Поради зголемувањето на цените на енергијата, во некои случаи, полнењето на електричен автомобил е поскапо отколку традиционален. А, пак, доколку го полните на јавна станица за полнење наместо дома, цените се уште повисоки“, стои во извештајот.

Експертите проценија дека претходните трошоци за полнење на електричен автомобил во државата биле 50-70% пониски отколку полнењето модели на бензин или дизел. Сега, полна батерија  на „зелен автомобил“ може да чини и повеќе од полн резервоар гориво.

Истражувањето потенцира дека за мали автомобили од сегментот B, бензин за километража од 1.000 километри би го чинел сопственикот 83 евра. За дизел автомобил трошоците би биле 71 евро. За разлика од нив, автомобил со електричен мотор би чинел 85 евра за да го извози истото растојание, иако пред само една година таа сума изнесуваше само 33 евра.

Тарифите за струја во Италија забележаа рекорден пораст минатиот месец, надминувајќи 136% на годишно ниво, според студија објавена од Националната унија на потрошувачи.