Полноќен шопинг и цени на половина во Палма мол

52

palma mol popusti

Палма мол, најголемиот трговски центар во западниот дел на Македонија, од втори до четврти октомври, повторно ќе им овозможи на купувачите од Тетово и околните места продолжено време за шопинг. Продавниците, угостителските објекти и супермаркетот кои што ќе работат од 10 часот наутро до полноќ, ќе понудат одлични производи од реномирани брендови со атрактивни попусти.

“Повторно го продолжуваме работното време и ги отвораме вратите на продажните салони, ресторанот, корнерите за храна и пијалоци и супермаркетот со цел да им овозможиме на сите граѓани продолжено време за шопинг и купување на производи и намирници за нивните домаќинства по намалени цени. На овој начин, воедно го одбележуваме и големиот муслимански празник Курбан Бајрам, затоа што неговата убавина е во споделувањето на радоста и среќните моменти, но и актуелизирањето на хуманоста, поради делењето на сите нешта со оние кои имаат помалку. Со намалувањето на цени, брендовите застапени во Палма мол, придонесуваат на купувачите полесен пристап до посакуваниот производ“, изјавија од Палма мол.

bajram-poster-mkd

Околу 30 продажни локали достапни во Палма Мол, во текот на овие денови ќе ги понудат своите производи по намалени цени и до 50%, а покрај атрактивните цени, ќе ги презентираат и најновите колекции за сезоната есен/зима 2014/2015 година. Палма мол по втор пат приредува ваква акција и покрај бројните попусти, на сите посетители им најавува денови исполнети со забава и изненадувања.