Поло маици на Ralph Lauren изработени од рециклирани пластични шишиња

59

Фото: Twitter

Познатиот моден бренд, Ralph Lauren претстави еколошка верзија од познатите Поло маици, но овие се целосно изработени од рециклирани пластични шишиња, а во процесот на производство не е користена вода, пренесува USA Today.

“Секој ден слушаме за тоа што се случува со глобалното затоплување и што се случува низ целиот свет, а нашите вработени и клиентите чувствуваат дека е време да се направи разлика“, изјави Дејвид Лорен, најмладиот син на основачот на компанијата, кој е задолжен за иновации.

Овие маици се произведуваат во Тајван, каде што се собираат шишињата. За една Поло маица во просек се користат по 12 стари шишиња. Маиците се произведуваат во партнерство со организацијата First Mile, којашто ги собира шишињата и ги претвора во ткаенина. Материјалот од којшто се изработени познатите маици е посебен по тоа што имаат способност да одбиваат влага.

Ralph Lauren се обврза од океаните да отстрани најмалку 170 милиони шишиња до 2025 година.