Половина од извршните директори не даваат отказ, туку се отпуштени

182

Кога компаниите ќе најават дека нивните извршни директори си заминуваат, најчесто не ги кажуваат точните причини за одлуката. Многу ретко се спомнува зборот отпуштање и сето тоа поминува некако нејасно.

Според Russell 3000 Index, во изминатите две години, 52% од извршните директори не заминале самостојно, туку добиле отказ, пишува CNN.

Тоа ги вклучува оние кои рекле дека даваат оставка, дека се повлекуваат, било време да ја напуштат компанијата, требало да поминат повеќе време со семејството и слично… Начинот на “излегување“ од компанијата се мери на скала од 0 до 10. На пример, 0 би значело дека директорот си оди без никаков проблем, додека 10 значи дека биле применети строги мерки за да замине.

Сè над резултат 5 покажува дека при напуштање на компанијата извршниот директор давал отпор. Помеѓу 2001 и 2017 година, 24% од отказите на директорите биле поради лош перформанс.

Според истражувањата на CEO Genome Project, во еден прашалник спроведен на 73 извршни директори, главни причини за отказ биле: лошо раководење на бизнисот (30%), односи со одборот (26%), недостиг на клучни вештини (22%) и отуѓување од менаџерскиот тим (12%). Има и откази што се случиле поради поврзаност со криминал или неетичко, несоодветно однесување.
Фото: Pixabay