Половина од јапонските компании вработуваат работници кои имаат 70 години

46

Во светот до 2030 година ќе има 150 милиони работници на возраст од 50 или повеќе години, што е речиси половина од вкупното население на Соединетите држави.

Јапонија е една од земјите што го има проблемот со високата возраст на работниците.

Се проценува дека до 2030 година 40 отсто од работниците во оваа земја ќе бидат на возраст од 50 или повеќе години.

Минатата година, речиси половина од јапонските компании имаа работници на возраст од 70 или повеќе години.

Јапонија не е единствената земја со високи приходи со овој проблем. Всушност, земјите со високи приходи имаат најбрзо стареење на работна сила.

Во Италија и Германија, 30 отсто од работната сила ќе има 55 или повеќе години до 2030 година.

Во земјите од Г7, секој четврти работник ќе има 55 или повеќе години, покажуваат податоците на американската консултантска компанија Bain & Company.

Според истражувањето на оваа компанија на 40.000 работници од 19 земји, постарите работници се полојални на своите компании и се позадоволни од својата работа отколку нивните помлади колеги. Сепак, компаниите не инвестираат доволно во постарите работници.

Споменатото истражување идентификуваше три начини на кои компаниите можат да ги задржат постарите работници: да разберат што ги мотивира на работа, да инвестираат во развивање на нивните вештини и да им покажат почит и да ги користат нивните силни страни.