Половина од младите невработени во ЕУ се подготвени да се преселат за работа

38

urban-438393_960_720

Фото: Pixabay

Половина од невработените млади луѓе во ЕУ подготвени се да се преселат за работа, а исто толку не би се одлучиле на таков чекор, покажува најновата статистика на Eurostat. Статистика е правена врз основа на истражување на лица на возраст помеѓу 20 и 34 години.

Според неа 21% од невработените уште утре би се преселиле за работа, но само во истата земја на живеење, додека 12% би размислиле дали би се преселиле во друга земја-членка во ЕУ, доколку таму имаат можност за работа. Статистиката покажува дека 17% се подготвени да се преселат за работа надвор од ЕУ.

Од истражувањето е заклучено дека големо влијание при одлуката за преселба и наоѓање работа има нивото на образование.

Младите невработени со високо образование се повеќе подготвени да се преселат на работа (23% подготвени да се преселат во иста земја и 16% подготвени да се преселат во ЕУ).

Истражувањето покажало дека мобилноста на работните места во земјата се зголемува кај младите вработени со повисоко ниво на образование (13% се преселиле), во споредба со лица со средно образование (6%) и оние со ниско ниво на образование (4%).