Половина од родителите им допуштаат на децата сами да управуваат со онлајн активности

44

Неодамнешно глобално истражување спроведено од компанијата Kaspersky покажа дека 52% од родителите им веруваат на своите деца во управување со нивните активности на интернет и веруваат дека нивните деца знаат за границата кога станува збор за времето поминато онлајн.

Меѓутоа, 70% од родителите признале дека и тие самите поминуваат премногу време онлајн, а 72% сметаат дека интернетот и користењето на мобилни уреди генерално му смета на семејниот живот.

Нема сомнеж дека дигиталните активности може да создадат зависност и да ги спречат децата од авантури во реалниот свет. Меѓутоа, повеќе од половина од родителите им веруваат на децата кога станува збор за времето поминато на интернет, а оваа пракса е вообичаена меѓу татковците. Татковците изгледа имаат повеќе доверба дека нивните деца ќе знаат кога треба да направат пауза, скоро тројца од пет татковци или 57% го заземаат овој пристап, додека кај мајките тој процент изнесува 48%.

Фото: Pexels