Половните возила можно е да поскапат и до 30%

167

Најголемиот број на половни автомобили се увезуваат од Германија, Франција и Италија. Новите прописи во Унијата може да бидат дополнителен удар, на и онака сложената ситуација поради трендот на зголемување на цените на половните автомобили уште од минатата година, а земајќи во предвид дека се повеќе развиени земји започнуваат со борбата против аерозагадувањето.

Прво, поскапувањето започна со зголемување од некои 10% како последица на корона кризата и падот на побарувачката, за да дојде и до значително поскапување уште во текот на летото минатата година. На почетокот на оваа година, набавката на некои модели беше поскапа за 20 до 30%. Тоа би значело дека автомобил кој чинел 7.000 евра, сега може да се набави по цена и до 9.000 евра.

Германија најави измени на Законот за гаранциите поради негово усогласување со Директивата на Унијата за продажба на стоки, а што во превод би значело дополнително поскапување. Доколку Германија го промени овој закон, што е во моментот една од горките теми во оваа европска економија, половните автомобили кои се увезуваат од оваа држава може да бидат поскапи од 10 до 20%.

Ова би претставувало нов удар за увозот на половни автомобили ако се има во предвид дека цената на половните возила во Европа веќе е порасната поради корона кризата и намалената продажба.

Германското здружение на дилери на автомобили очекува дека со усвојувањето на најавените измени ќе дојде до предвиденото поскапување, а тоа би значело и крај на продажбата на половни возила.

Државното здружение на независни трговци со моторни возила, дури и апелираше до Германскиот федерален совет во обид да се спречи усвојувањето на овие измени, пренесува Блиц.
“Промените се несразмерно неповолно и неодржливи за трговијата со моторни возила“, се наведува во соопштението на BVfK.

Фото: Pixabay