Полска бара од Фиат да не отпушта работници

22

Полската влада започна преговори со италијанскиот концерн Фиат да се откаже од намерата да отпушти 1.500 работници во фабриката на југот на Полска. Еден од предлозите е работниците наместо полно, да работат скратено работно време.

“Му предлагаме на Фиат флексибилни облици на вработување. Да не се отпуштаат луѓе, туку да се префрлат на скратено работно време. Кризите доаѓаат и проаѓаат”, изјави по седницата на влада вицепремиерот Јануш Пиехочински.

Полските фабрики на автомобили имаат намалено производство поради падот на нарачки. Во првите три квартали од оваа година, во Полска се произведени 598.000 автомобили и лесни индустриски возила. Фиат произвел 325.000 возила, што е пад за 25%. Фолксваген во Познан произвел 154.000 автомобили, што е пад за 5%, а Опел 119.000, 26% помалку од истиот период минатата година.

Според некои пресметки, отпуштањето на 1.500 работници на Фиат и намалување на производството би повлекло губење на 4.000 работни места, затоа што би отпуштале и кооперантите на Фиат.