Полска очекува за 60% зголемена побарувачка на гас

51

Побарувачката за гас во Полска ќе се зголеми за 60% во следните 10 години, проценува операторот на системот за транспорт на гас. Нагорниот тренд се очекува да биде поттикнат поради процесот со којшто се напушта користењето на јаглен.

Полска ја намалува големата зависност од јаглен како погонско гориво во производство на енергија, а пред преминот на нуклеарна енергија и обновливи извори ќе се фокусира на гас.

“Во следните 10 години очекуваме зголемување на побарувачката за гас во Полска од околу 60%“, се наведува во соопштението на Gaz System.

Полската економија предвидува до 2040 година 30% од електричната енергија да ја произведува со употреба на гас, исто толку од ветер, како и 5% од соларна енергија, додека 16% од нуклеарни централи.

Фото: Freepik