Полска си го зголеми извозот во време на пандемија

46

Полска минатата година извезе производи во висина од 271,1 милијарда долари, што претставува за 7,6% повеќе во однос на 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 70,9% од извозот на Полска беше насочен кон: Германија (28,9%), Чешка (5,8%), Велика Британија (5,7%), Франција (5,6%), Италија (4,3%)…

Полска има популација од 38 милиони жители, па извозот по глава жител изнесува 7.100 долари.

Најголем удел во извозот од 13,5% имаа компјутерите со 36,5 милијарди. Потоа следува електрична опрема со 34,3 милијарди долари, возила со 26,3 милијарди долари, мебел со 14,8 милијарди долари, пластични предмети со 13,1 милијарда долари…

Фото: Pexels