Полски LOT со имела ги мами патниците да споделат малку љубов

47

LOT Polish Airlines KISSaLOTПолскиот авиопревозник LOT ја игра улогата на Купидон за Божиќните празници, поставувајќи имела во авионот за да креира, како што велат од таму, љубовна магија во воздухот.

Со поставувањето на имелата, LOT сака да го направи флертувањето во авионите полесно, со надеж дека некој ќе го скрши мразот со бакнеж.

Иако традицијата на бакнување под имела е нова за луѓето од Полска, со оваа интересна новина авиопревозникот се надева дека ќе ги развесели празничните летови.

Според верувањата, имелата е и симбол за помирување. Доколку со некого сте биле лути во текот на годината и се најдете близу имела, треба да си простите за се што сте си замериле.

Превозникот ќе лета со љубовната тематика до шести јануари 2015.