Помалку банкомати во Холандија поради кражби

232

Во Холандија минатата година се отстранети 879 банкомати од кои граѓаните можат да добијат готовина, а останале само 4.916, покажуваат податоците на Холандската Народна банка.

Стравувајќи од грабеж на банкомати, банките ги затвораат или ги демонтираат, а ги има една третина помалку од пред две и пол години, објави информативниот сајт „Дач њуз“.

Работното време на банкоматите е исто така ограничено, а повеќето се исклучени помеѓу 23 и 6 часот наутро.

Таа привремена мерка, која има за цел да ги обесхрабри разбојниците, сега е правило. Само банкоматите во близина на ноќните клубови се отворени до два часот по полноќ.

„Во комбинација со други безбедносни мерки на претпазливост, оваа мерка е одвраќање“, изјави Пеги Корстенс, директорка на Гелдмат, кој го презеде управувањето со банкоматите минатата година.

Во Холандија, секој граѓанин треба да има пристап до банкомат не повеќе од пет километри од дома. Околу 23% од сите трансакции во Холандија се во готовина.

Корстенс рече дека е тешко да се најде локација за поставување банкомати, бидејќи сопствениците на зградите се загрижени за потенцијалните штети што крадците ќе ги предизвикаат со минирање на тие машини за да дојдат до пари.

Наместо улични банкомати, Гелдмат експериментира со воведување специјални мали локали со камери и друга безбедносна опрема. Оваа година се очекува да бидат отворени 15.