Поминато време пред малите екрани – колку е премногу?

60

Кога секојдневието е тесно поврзано со користење на мали екрани, без разлика дали станува збор за обврска или рекреација, не е лесно да се одреди колку време е премногу.

Според низа истражувања, еден возрасен поминува 11 часа дневно во интеракција со некој медиум. Тоа може да биде гледање телевизија, работа или сурфање на компјутер, користење на таблет, мобилен телефон, играње на игри и слично.

Тинејџерите (13-19 години) во просек дневно поминуваат девет часа пред малите екрани, додека оние на возраст од осум до 12 години шест часа.

Иако генерално земено, премногу поминато време пред екраните, може да има негативни последици, треба да се прави разлика во неколку сегменти.

На пример, возраст, содржината што се гледа, на каков уред се гледа, дали тоа се прави во слободно време или додека се работи (на училиште) и друго.

Сè додека основите потреби (спиење, вежбање, здрава исхрана, комуникации во живо) се задоволени, личноста може да поминува 10 часа дневно пред екран.

Денес, технолошките компании знаат многу убедително да ги натераат корисниците да поминуваат што повеќе време онлајн. Сепак, најдобро е секој возрасен индивидуалец самостојно да одреди кога е време да се тргне од екраните.

Доколку зависноста е преголема, понекогаш може да биде потребна и стручна помош.

Експертите велат дека за децата доволно е еден до два часа пред малите екрани дневно, додека за викенди дозволено е три до четири часа рекреативно поминато време.

Фото: Pexels