Помодоро – техника којашто спасува од стагниција во кариерата

216

Oрганизацијата на работното време треба да биде испланирана, трудот да даде резултати. Сепак, многу вработени имаат проблем со пад на мотивацијата…

Дали сте чуле за техниката Помодоро? Работите на задача одреден период без прекин (без пораки, Instagram, Twitter …), проследено со пауза од 5-10 минути. Помодоро е широко промовиран како начин на живот кој помага во борба против одвлекување внимание, одолговлекување и неефикасност.

“Тоа е одлична алатка. Помислете на тоа како нешто што најмногу им одговара на луѓето околу еден до три часа на ден“, вели стратегот за управување со времето Кели Нолан.

Еве како да го извлечете максимумот од техниката Помодоро.

Изберете ја својата задача, но не и која било. Нолан предлага да се користи Помодоро за работни задачи што не ве мотивираат, како што се административни задачи, повици и е-пошта или работни задачи што сте ги одложиле.

Изберете интервал. Размислете за 25, 50 или 90 минути (по два до три часа работа, направете пауза од 30 минути). Некои тимови и експерти прават паузи од пет минути, по секои 25 минути, а тајмерот Помодоро е тука за да ве потсети кога да застанете. За некои, блоковите од 50 минути континуирано работење носат најголема корист.

Одлучете за вистинското време. Изберете ги часовите во кои сте најчесто “будни“ и продуктивни. Некои се “ноќни птици“, додека има и утрински типови. За техниката да има смисла, треба да го земете предвид и тој фактор.

Набавете опрема. Најдобро е да набавите механички тајмер, бидејќи самиот чин на навивање ја докажува вашата решеност целосно да се посветите на задачата пред вас во наредните дваесет и пет минути. Исто така, секој паметен телефон има функција за одбројување во своите основни опции, а AppStore и Google Play се преполни со апликации за Pomodoro tech. Само внесете “pomodoro” во пребарувањето.

Фото: Pexels