Помор на пчели во Хрватска, паника меѓу пчеларите

84

pceliПоради невообичаено високите температури за ова време од годината, преку 50% од заедниците на пчели во континентална Хрватска би можеле да исчезнат. Матиците веќе почнале со развој на легла, поради што забрзано трошат храна, а во случај на заладување без храна, ги чека сигурна смрт. Поради невообичаено високите температури, пчелите се збунети и дезориентирани и излегуваат од кошниците мислејќи дека е пролет.

Пчеларските здруженија ги повикаа хрватските пчелари итно да пополнат Прашалник за овогодишните загуби на пчелите и да ги достават до Хрватската земјоделска агенција. Апелот го упатија затоа што од терен добивале информации за нагло намалување на пчелните заедници и нивно одумирање.

Поморот на пчели ја зафати скоро цела Хрватска, а пчеларите ве во страв од повторување на сценариото од 2009 година, кога изумреа преку 20% од пчелните заедници. Но, поморот на пчели не е проблем само во Хрватска, туку и во цела Европа, која оваа зима се соочува со високи температури за ова време од годината, пишува Индекс.