Помош од 50.000 евра месечно за малите фирми во Германија

136

Германскиот министер за економија, Питер Алтмајер претстави план за помош на компаниите кои имаат помалку од 249 вработени, од државата да добијат 50.000 евра месечно.

Како што пренесоа локалните медиуми, државната помош ќе биде достапна и на самовработените и фриленсерите, но под еден услов, а тоа е заработката на компанијата или поединецот да е намалена најмалку 60% во април и мај.

Оваа помош би требало да биде достапна на компаниите од јуни до декември оваа година.

Министерството за економија на Германија предвидува дека оваа програма ќе чини 25 милијарди евра до август. Понатамошните трошоци ќе зависат од ширењето на епидемијата на есен.

Фото: Pixabay