Понеделник е неработен ден за сите граѓани

20

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, втори август (недела), Ден на Републиката, односно трети август (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.