Понеповолна економската состојба во ноември

17

Економската состојба во ноември оваа година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на истиот период лани, покажуваат оценките на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во ноември 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените.

Во ноември 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и
репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во ноември 2014 година се намалени во однос на октомври 2014 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2014 година изнесува 61,2% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во ноември 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23,6%, недоволната домашна побарувачка со 16,8%, недостигот на квалификувана работна сила со 15,5% и финансиските проблеми со 10,2%.