Пониква ќе се развива со нови сместувачки капацитети

150

ponikva1 Развојните планови на Спортско-рекреативниот центар Пониква и неговата посетеност особено за деновите во викендот беше тема на разговор меѓу градоначалникот на општина Кочани, Ратко Димитровски, преставници од полициската станица во Кочани и преставници од Македонија пат од придружницата во општина Пробиштип.
“Пониква прераснува во зимски рекреативен центар кој секојдневно е посетен од гости од повеќе градови на Македонија. Воспоставувањето на ред во паркирањето на Пониква, поставувањето на информативни табли се дел од мерките кои треба да се преземат од стана на општините Кочани и Пробиштип во создавањето на услови за развој на Пониква. Постоечките капацитети се целосно исполнети, особено за време на викендите, за што општините кои стопанисуваат со терените на Пониква ќе урбанизираат доволен број на простор за изградба на сместувачки капацитети како мотели и хотели”, рече градоначалникот Димитровски.
Димитровски укажа и на неопходноста да се бараат решенија за проширување на паркинг просторот на Пониква. Ваквите активности се значајни бидејќи во време кога Пониква урива рекорди на посетеност, треба на посетителите да им се понудат подобри услови.